Формиран конзорциум за заштита на иновации

Bez autora
Mar 25 2013

Локалната самоуправа во Велес поттикната од идејата на Владата, формираше конзорциум за стимулација и заштита на иновациите. Преку него ќе се заштитуваат сите изуми на иноваторите и ќе се регулираат авторските права и правата на индустриска сопственост. Според експертите, иноваторите до сега воопшто не беа заштитени. Конзорциумот ќе ги обединува и Универзитетите, бизнисот и државата. Се уште кај нас постои недоволно познавање за тоа како да се искористи потенцијалот што го носи правото од интелектуална сопственост, индустриска сопственост и авторското право. Значи, ова е нешто што поседуваме, највредниот капитал на компаниите бидејќи сите други добра се потрошни, освен умот на човекот. Тој нема граници и секогаш може да отиде напред. Оттука, едукацијата во областа на значењето на овие права или практичната заштита во средините ни недостига и поради тоа ова е добар проект.

Формиран конзорциум за заштита на иновацииЛокалната самоуправа во Велес поттикната од идејата на Владата, формираше конзорциум за стимулација и заштита на иновациите.

Преку него ќе се заштитуваат сите изуми на иноваторите и ќе се регулираат авторските права и правата на индустриска сопственост. Според експертите, иноваторите до сега воопшто не беа заштитени. Конзорциумот ќе ги обединува и Универзитетите, бизнисот и државата.

- Се уште кај нас постои недоволно познавање за тоа како да се искористи потенцијалот што го носи правото од интелектуална сопственост, индустриска сопственост и авторското право. Значи, ова е нешто што поседуваме, највредниот капитал на компаниите бидејќи сите други добра се потрошни, освен умот на човекот. Тој нема граници и секогаш може да отиде напред. Оттука, едукацијата во областа на значењето на овие права или практичната заштита во средините ни недостига и поради тоа ова е добар проект - рече Јадранка Дабович, професор на факултетот "Јустинијан Први".

Во конзорциумот најмногу време ќе се одвои за бизнис заедницата и за тоа како да се добиваат проекти, како да се организираат работилници за едукација и како да се постапи со заштита на брендовите.

- Иноваторите не се доволно стимулирани за да може да ги остварат своите иновациски добивки. Фактички овие добивки по тоа треба да се внесат во стопанството и да дојде до вработување и заработувачка во стопанството - рече Симче Симоновски од Државниот завод за индустриска сопственост.

На формирањето на конзорциумот беше речено дека досега особен проблем беше слабата информираност за значењето на иноваторството кое директно влијае на бројот на регистрирани иновации. Експертите порачуваат: конзорциумот ќе мора да ги натера компаниите, универзитетот и поединците да ги заштитат своите изуми.

- Кај нас отсекогаш имало иноватори, меѓутоа, поради нашата неорганизираност, своите изуми тие многу малку ги презентирале, а дел од нив ги изнесувале од нашата земја. Со формирањето на конзорциумот сега тие ќе имаат можност своите иновации не само да ги заштитат, туку ќе можат да добијат и помош за нивна реализација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik